Фудбал
Алиоски го спаси својот тим од пораз во 95-та минута, Трајковски остана на клупата (ВИДЕО)
Езгјан Алиоски постигна нов гол во првенството во Саудиска Арабија, овој пат против Ал Фахја. Противниците водеа со 1:0 се до 95-тата минута, кога Алиоски погоди од пенал и го спаси Ал Ахли од пораз.
Во таборот на противничкиот тим на клупата за резервни фудбалери остана вториот македонски репрезентативец, кој игра во првенството на Сауидиска Арабија, Александар Трајковски.