Фудбал
Шпански „Спорт“ тврди: Постигнат е договор со Халанд
Ерлинг Халанд се уште официјално не објавил каде ќе ја продолжи кариерата, но каталонскиот весник Спорт денеска објави дека претставниците на Реал Мадрид постигнале договор за трансфер со таткото на одличниот напаѓач.
Наовдно, претставници на Реал Мадрид и Алф-Инге Халанд, татко на фудбалерот, како и десната рака на Мино Раиола, Рафаел Пимиенто, воделе преговори во Монако и наводно е постигнат договор што ќе му олесни на Реал да го доведе 21-годишниот фудбалер. Тоа е преддоговор со претставниците на Ерлинг Халанд. Тоа е клучен чекор што го става Реал Мадрид во огромна предност пред другите заинтересирани клубови, вклучително и Барселона, пишува Спорт и продолжува:
-Сега топката е префрлена кај Халанд. Доколку реши да ја напушти Борусија, Реал се обврза да го купи без никакво чекање, и покрај тоа што претходно бараа од него да почека до 2023 година.
Цената на Халанд ќе биде 75 милиони евра, но комплетна работа со плата за фудбалер, и бројни бонуси за агенти би можела да чини над 300 милиони евра.
Интересно, оваа вест доаѓа во време кога се повеќе се зборува за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид и којзнае што уште не чека до летото кога би можеле да се комплетираат големите трансфери.