Фудбал
Лудница на мечот Манчестер Сити-Тотенхем, пет голови, Кејн во 95-та за триумф на гостите (ВИДЕО)
Екипата на Тотенхем му го нанесе првиот пораз на Манчестер Сити по цели 15 кола. Во неверојатен меч со пет голови, тимот на Антонио Конте, преку контра напади успеа да однесе три бода од ова гостување. Последен пат Манчестер Сити загубил во октомври 2021 година исто така на домашен терен од Кристал Палас.
По само четири минути игра, Дејан Кулушевски по една контра постигнува гол и му носи водство на Тотенхем. Во 33-тата израмни Гундоган, резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел слична ситуација. Сити напаѓа, а Тотенхем преку Кејн во 59-та постигнува гол за 2:1. Овој резултат беше актуелен се до судиското надополнување. Во втората минута од екстра времето Марез погоди за 2:2, но во 95-тата следуваше нов шок откако Хари Кејн со неговиот втор гол на мечот му донесе победа на Тотенхем.
Сити секако останува лидер на табелата со 63 бодови, шест повеќе од Ливерпул, додека Тотенхем е на седмото место со 39 бодови.