Connect with us

Фудбал

Тинејџери ја спасуваа Рома, а Мурињо повторно доби црвен картон (ВИДЕО)

Рома губеше со 2:0 но на крајот успеа да се спаси од пораз против Верона. Мечот заврши 2:2, благодарејќи на дебитантите, односно тинејџерите на Рма. Гостите водеа со головите на Барак во петтата и Тамезе во 20 минута од средбата на стадионот „Олимпико“.

Резервниот играч Волпато (втор настап за Рома) успеа да намали во 65 минута, а Бове го спаси домаќинот од пораз во 84 минута, негов дебитантски погодок за екипата.

Поради жестоки критики кон судиите, Мурињо доби црвен картон на крајот од мечот.



Standings provided by SofaScore LiveScore