Фудбал
Мурињо поради „телефонскиот повик“ заработи црвен го „боцна“ судијата поради скандалот со местење натпревари (ФОТО)
Рома синоќа извлече 2:2 против Верона, откако губеше со 2:0. На крајот од мечот тренерот на римскиот тим заработи црвен картон, откако гестикулираше кон главниот судија со телефонски повик. Зошто Мурињо го направи ова?
Италијанските медиуми ја открија целата позадина за ова. Имено, Лука Паирето, кој ја делеше правдата на мечот Рома-Верона, е син на Пјерлуиџи Паирето, поранешен судија во Италија, познат по тоа што беше суспендиран на 4,5 години, но и парична казна, по скандалот „Калчополи“. Беше откриено дека тој бил постојано во телефонски контакт со Лучиано Моџи, поранешен директор на Јувентус, за делегирање на судии во периодот од 2002 до 2006-та година. Воедно, постариот брат на Лука Пиарето, кој синоќа го судеше мечот на Рома со Верона е еден од директорите на Јувентус.
Како што е познато во скандалот „Калчополи“ со местење на мечеви Јувентус беше казнет, но и Лучиано Моџи, тогашниот директор на клубот. Сигурно погодувате на што алудирал Мурињо кога гестикулирал со телефонскиот повик.
Jose Mourinho has been sent off for Roma again this season! ?
He's lost his cool in stoppage time! pic.twitter.com/WAH20txnQd
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 19, 2022