Connect with us

Фудбал

Кулушевски: Многу страдав, но со Конте…

Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски одигра одличен меч во победата на Тотенхем како гостин од 3:2 против Манчестер Сити. Тој го постигна првиот гол за водство од 1:0, а потоа беше асистент при победничкиот гол на Хари Кејн во 95-та минута.

Кулушевски во зимскиот преоден рок од Јувентус на позајмица се пресели во Тотенхем. Вели дека многу страдал, но со Конте е одлично да се работи.

-Многу страдав и не се чувствував добро, меѓутоа тоа се промени. Постигнавме гол многу рано и тоа ни помогна да славиме. Немав потреба да размислувам за ништо, туку само да играм фудбал. Неверојатно чувство е да работите со Антонио Конте. Тој има победнички менталитет, кажа Кулушевски.