Connect with us

Фудбал

Пиоли по киксот против Салернитана: Ибрахимовиќ? Па што, ќе поминевме исто и тој да играше!

Милан синоќа направи голема кикс и ремизираше 2:2 со Салернитана во 26. коло од Серија А.

Гостите поведоа преку Месијас во петтата минута, а во 29. минута израмни Бонацоли на асистенција на Милан Ѓуриќ.

Во 72.минута Ѓуриќ со глава ја упати топката во мрежата на Росонерите. Славјето на домаќините траеше само пет минути, бидејќи резервистот Анте Ребиќ постигна одличен гол со удар од околу 25 метри.

Сепак, Милан не можеше да постигне целосен пресврт и победа, а ова беше уште еден натпревар кој го пропушти Златан Ибрахимовиќ, за што по натпреварот зборуваше и тренерот на Росонерите Стефано Пиоли.

„Па што? Отсуството на Ибрахимовиќ… Ќе поминевме низ истото и со него како и без него. Целиот тим не одигра добро и скапо ги плативме грешките, а потоа пропуштивме неколку важни прилики на почетокот на вториот дел, рече Пиоли.

По овој натпревар, Милан е прв со 56 бода, два повеќе, но и два меча повеќе од Интер, кој вечерва од 18 часот го пречекува Сасуоло и има можност да му ја преземе првата позиција на градскиот ривал.