Connect with us

Фудбал

Некоја нова Барселона, како некогаш, веќе води со 3:0 на „Местаља“ (ВИДЕО)

Барселона како некогаш. Токму реченицата најдобро ја опишува играта на Каталонците во првиот дел од дербито против Валенсија. На незгодно гостување Барселона има 0:3 со три многу убави гола по одлични акции и комбинации.

Првиот гол за гостите во 23. минута го постигна Аубамајанг. Осум минути подоцна по убава комбинација Де Јонг се приклучи кон стрелците и со тоа го удвои водството на гостите.

Во 37. минута Абмејанг го постигна својот втор гол на натпреварот по уште една убава акција.