Фудбал
Каков мајсторски гол на Педри, Барселона ја прегази Валенсија, (ВИДЕО)
Барселона го одигра најдоброто гостување сезонава кај Валенсија со триумф од 1:4. Сите дилеми околу победникот Каталонците ги решија уште во првото полувреме кога постигнаа три гола. Им требаа околу 15 минути.
„Лилјаците“ беа совладани од Обамејанг во 23. минута по брза акција, а осум минути подоцна Де Јонг остана само да се поклони и да ја смести топката во мрежата.
Во 38. минута, по нова убава комбинација Обамејанг по вторпат ја затресе мрежата.
На стартот од вториот дел домашните се обидоа да ја вратат неизвесноста во натпреварот. Својот единствен гол на натпреварот стигнаа во 53. минута преку Солер.
Потврда за триумфот на Барса дојде во 63. минута кога прекрасен гол постигна Педри. Точно, во таа прилика имаше и мала помош од Обамејанг.
До крајот на мечот и двете екипи имаа шанси, но резултатските промени не беа забележани, па гостите заслужено дома го однесоа целиот плен.
Со оглед на се што е прикажано, односно играта и резултатот, Барселона со овој меч дефинитивно не потсети на своите најдобри денови. Дали е блиц или константа ќе се покаже во следните натпревари.
Инаку, Блауграна со оваа победа се врати во топ 4 и ја држи позицијата која води во Лигата на шампионите. Валенсија, од друга страна, продолжува со големата криза. „Лилјаците“ се на седум последователни натпревари се без победа во Примера.