Connect with us

Фудбал

Милан и Интер сакаат да го „распарчаат“ нападот на Сасуоло

Сасуоло е хит во Италија, не поради позицијата на табелата, туку поради нивниот учинок против најтрофејните екипи, односно Јувентус, Милан и Интер. Имено, Сасуоло е единствен тим кој успеал во оваа сезона како гостин да ги совлата трите најтрофејни тимови. Против Јуве славеше со 1:2, против Милан со 1:3, а против Интер синоќа со 0:2.

Најголема засилуга за ова има нападот на Сасуоло, односно Берарди и Скамака. Двајцата играат во одлична форма и постигнаа по 10 голови во досегашниот тек од сезоната, а Берарди има и 9 асистенции. Двајцата се дел од репрезентацијата на Италија.

Поради тоа не е чудно со миланските тимови, Милан и Интер сакаат да го „распарчаат“ нападот на Сасуоло. Како што пишува „Кориере дело Спорт“ Милан сака во летниот преоден рок да го купи Доменико Берарди (27) кој наводно е најголема желба на тренерот Пиоли.

Од друга страна, пак, одамна се пишува дека Скамака, кој синоќа беше стрелец на вториот гол против Интер, е желба на тренерот на „Нероаѕурите“, Симоне Инзаги. Италијанските медиуми велат дека Интер го означил како примарна цел, а наводно Сасуоло е подготвен за преговори.