Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Интер мораше да им се извинува на навивачите (ФОТО)

Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез по шокот и поразот од 0:2 од Сасуоло на домашен терен синоќа, мораше да се извинува на навивачите. Тој со кренати раце, со гестикулација на извинување стоеше пред трибината каде се сместени најверните навивачи на клубот. Играчите на Интер синоќа добија свирежи од своите навивачи откако одиграа лоша партија против Сасуоло, не искористувајќи го киксот на Јувентус, Милан, па и Аталанта со евентуална победа да се вратат на лидерската позиција.

Интер на последните пет меча во Серија А има само една победа, а Лаутаро Мартинез нема постигнато гол во домашното првенство од декември месец минатата година, односно два месеци.