Connect with us

Фудбал

Министерка со повик до Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед да го бојкотираат финалето во Лига на шампиони

Лиз Трус, државна секретарка за надворешни работи на Англија, ги повика клубовите од Премиер лигата да го бојкотираат финалето на Лигата на шампионите доколку се игра во Санкт Петербург. По неодамнешните случувања на линија Русија-Украина и потезите на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на Доњецк и Луганск, проруските сепаратистички територии во источна Украина и нареди на војската да го „чува мирот“ на тие територии, политичка лавина се прелеа во спортот. Очекувано.

Веднаш почна притисокот врз Европската фудбалска унија (УЕФА) да го изземе Санкт Петербург од домаќин на финалето на Лигата на шампионите.

Според некои информации, УЕФА е подготвена да почека до одигрувањето на полуфиналето, односно до 4 мај, за да се разгледа ситуацијата и да се донесе одлука за евентуалното преместување на финалето на друго место.

Логично, доколку тоа се случи, ќе се размислува за голем број англиски стадиони за новите домаќини, но министерката за надворешни работи Лиз Трус веќе оди чекор понатаму. Таа смета дека ова прашање не треба да се поставува и дека треба да биде јасно дека англиските тимови нема да патуваат во Русија. Во моментов во осминафиналето се уште четири англиски клубови – Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи, чиј сопственик е рускиот милијардер Роман Абрамович.

„Да. Јас би бојкотирал. Лично, не би имала никаква желба да играм фудбал во Санкт Петербург и да знам што прави режимот на Путин во моментов, рече таа.