Фудбал
Меси: Се подобро се разбирам со Мбапе
Лионел Меси, асот на Пари Сен Жермен, истакнува дека се подобро се вклопува во редовите на францускиот вицешампион.
Аргентинецот пристигна во ПСЖ во текот на летниот преоден рок и дојде од Барселона. Иако медиумите најмногу ги критикуваат неговите претходни игри во Франција, Меси не е незадоволен.
-Кога дојдов овде ги познавав Ди Марија и Нејмар. Го познавав Килијан Мбапе од натпреварите. Ни требаше време да се разбереме на теренот. Сепак, мислам дека времето минува за да можеме да функционираме подобро и подобро. Играм како во Барселона со врвни играчи и тоа значи многу“, истакна Меси.
Навивачите на ПСЖ оставија посебен впечаток на Меси.
„Секогаш има одлична атмосфера во Паркот на Принцовите. Највпечатливо е што навивачите пеат во текот на целиот натпревар. Нема запирање, а секако се експлодира кога ќе постигнеме гол. Задоволство е да се игра така, вели тој.