Фудбал
Поради рускиот воен напад прекинато украинското првенство, македонскиот репрезентативец ќе мора да се евакуира!?
Поради рускиот воен напад сите спортски активносни, па и фудбалот во Украина се прекинати. Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој игра во Ворскла Полтава од Украина засега е безбеден. Ова за Слободен печат го изјавила Моника Зајкова, сестра на фудбалерот, која е во контакт со него.
Македонското МНР веќе подолго време упатува апели македонските државјани да ја напуштат Украина. Сепак, Ѓоко Зајков по разговорот со раководството на неговиот клуб одлучил да не се евакуира. Со оглед на тоа дека настаните утрово се променија и дека Русија изврши инвазија врз Украина со воена сила, веројатно Зајков ќе биде евакуиран од таму.