Фудбал
Македонскиот репрезентативец се огласи по рускиот воен напад: Засега сме безбедни, во нашиот град немаше напад!
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков се огласи преки ФФМ, односно со изјава за Фудбалската федерација на Македонија, во која вели дека засега е безбеден и дека во градот во кој што тој се наоѓа, украинска Полтава засега немало воен напад.
„Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни“.
Досега не се најавуваше негова евакуација, но со оглед на развојот на настанаите од ноќеска, тоа веќе почнува да се менува.
„Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со минибус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот“.
„Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам“.
Зајков во зимскиот преоден рок од Левски, Бугарија, се пресели во украинска Ворскла од Полтава.