Connect with us

Фудбал

УЕФА свика итен состанок по агресијата врз Украина, Русија ќе остане без финалето во Лига на шампиони?!

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин за утре свика вонреден состанок, по руската инвазија врз Украина. Главното прашање веројатно би требало да биде одредување на местото за одигрување на финалниот натпревар од годинешното издание на Лигата на шампионите.

Според претходно утврденото, финалето е закажано за 28-ми мај во Санкт Петерсбург, но поради барањето на НАТО, САД и ЕУ за санкции против Русија поради нападот врз Украина, можно е и дел од овие санкции да биде и одземањето на финалето на ЛШ.