Connect with us

Фудбал

Очајниот Лукаку, се јавил на Интер да го вратат, се согласил на големо намалување на платата?!

По втор пат во својата кариера Ромелу Лукаку веројатно ќе го напушти Челзи. Иако по доаѓањето во Лондон од Интер изјавуваше дека му се исполнува сонот, сепак не помина ниту една сезона, а веќе тој сериозно размислува да замине. Лукаку во Челзи не е ниту сенка на оној напаѓач каков што беше во Интер. Наводно, според англиските медиуми, тој веќе ги контактирал челниците на италијанскиот клуб да го вратат во Милано, а се согласил и на големо намалување на платата со оглед на тоа дека во Англија има 12 милиони евра годишно.

Сепак, тешко е да се верува дека Интер може да го купи Лукаку, бидејќи немаат пари, единственото можно враќање во Милано е некаква позајмица.