Фудбал
ВИДЕО: Фантастичен гол на Де Јонг, Барселона го уништи Наполи за 45 минути
Барселона води со убедливи 3:1 по првиот дел на гостувањето кај Наполи, а со оглед на тоа дека на Камп Ноу беше 1:1 со овој резултат Каталонците ќе се пласираат во четвртфиналето од Лига Европа.
Жорди Алба во 8-ма, Френки де Јонг во 13-та и Пике во 45-та беа стелци на головите за Барселона, додека Инсиње погоди од пенал за Наоли во 23-та. Сепак, мора да се потенцира голот на Де Јонг кој беше вистинска мајсторија.
Според играта, Барселона можеше барем уште два гола да постигне.