Фудбал
Адеми и Ристовски со Динамо елиминирани, Севиља, Аталанта, Порто и Лајпциг во следна рунда (ВИДЕО)
Македонските репрезентативци Арјан Адеми и Стефан Ристовски ги завршија натпреварите во Лига Европа откако доживеаја елиминација од Севиља. На домашен терен Динамо Загреб славеше со 1:0, но сепак поради поразот на гости од 3:1 доживеја елиминација. Адеми поради повреда не играше, додека Стефан Ристовски на теренот беше до 61-та минута.
Во следната рунда, или четвртфиналето се пласираа уште Порто, кој одигра 2:2 на гостувањето кај Лацио, но победи дома со 2:1. Во четвртфинале ќе игра и Лајпциг кој како гостин славеше против Реал Сосиедад со 3:1, а првиот меч заврши 2:2. Аталанта исто гостин го потврди пласманот во следната фаза откако славеше против Олимпијакос со 3:0. На првиот меч славеше италијанскиот тим со 2:1.
Во вечерниот термин играат Наполи-Барселона, Бетис-Зенит, Брага-Шериф Тираспол, Ренџерс-Борусија Дортмунд.
ДИНАМО ЗАГРЕБ – СЕВИЉА
ПОРТО – ЛАЦИО
ОЛИМПИЈАКОС – АТАЛАНТА
РЕАЛ СОСИЕДАД – ЛАЈПЦИГ