Connect with us

Фудбал

Германскиот тим во кој игра нашиот Чурлинов, го раскина договорот со рускиот спонзор

Германскиот тим Шалке, за кој настапува и македонскиот репрезентативец Чурлинов како позајмен од Штутгарт, донесе тешка одлука и одлучи да го раскине договорот со Газпром, нафтен гигант и спонзор на клубот.

– Клубот моменто е во преговори со претставници на спонзорот и сите детали ќе бидат познати по завршување на истиот. Оваа одлука нема да влијае на финансиската ситуација на клубот. Управата е убедена дека наскоро ќе може да го објави името на новиот спонзор, соопшти Шалке.

Соработката помеѓу Шалке и Газпром е од 2007-ма година. Причината е јасна, руската инвазија врз Украина.