Connect with us

Фудбал

Засега нема суспензија, само казна, но ФИФА ја понижи Русија

ФИФА засега нема да ја суспендира Русија од фудбалските натпреварувања и баражот за СП, но сепак според донесените одлуки, брутално ја понижи оваа земја. Имено, ФИФА донесе одлука Русија сите натпревари да ги игра на неутрален терен и тоа без публика. На натпреварите на оваа репрезентација не смее да биде истакната руското знаме, ниту пак да биде интонирана химната и да игра под името Фудбалска репрезентација на Русија.

Токму Москва требаше да биде домаќин на дел од баражите за пласман на СП 2022 во Катар, но сепак Полска, која во полуфиналето треба да се сретне со Русија, како и Шведска и Чешка, можни противници на Русија во финалниот бараж, се огласија дека нема да играат и бараат целосна суспензија на оваа земја.