Фудбал
Пред пет месеци го шокираше Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а сега го остави фудбалот, облече униформа да војува против Русите
Цел свет му се восхитуваше на „малиот“ клуб кој го запре Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу во Лигата на шампионите. Шериф од Тираспол пред пет месеци на Бернабеу ја прослави најголемата победа во историјата. Тогаш беше 2:1 за гостите од Молдавија, иако два месеци подоцна на домашен терен беа поразени од Реал (0:3). Човекот кој им го подари целиот свет едно од најголемите изненадувања, фудбалски, Јуриј Вернидуб, по неполни шест месеци од најголемиот тренерски успех поднесе оставка за да војува во Украина! За потсетување, за Шериф Тираспол настапува нашиот репрезентативец Николов.
Sheriff Tiraspol’s coach Yuriy Vernydub, who faced Inter and Real Madrid during the Champions League group stage phase this season, has joined the Ukrainian army in the war against Russia. https://t.co/d6IUs94EsO #Ukraine #RussiaUkraine #Russia
— footballitalia (@footballitalia) February 28, 2022
Украина се уште е опсада на Русите, кои ја започнаа инвазијата минатиот четврток, а преговорите се водат со надеж дека ќе се најде заеднички јазик и ќе се вратат работите во нормала, иако нема оптимистички изјави и по преговорите во Белорусија.
Вернидаб ја напушти клупата на Шериф и се врати во Украина и се стави на располагање на тамошната армија во одбрана на Русија.
Вернидуб е роден во Житомир, град во северна Украина, а одлуката да се врати во татковината ја донел во нејзините најтешки денови.

Сликата објавена на социјалните мрежи го покажува Вернидаб во маскирна облека, со двајца колеги, војници.
На армијата и се придружи познатиот боксер Васил Ломаченко, но и браќата Виталиј и Владимир Кличко, веројатно најпознатите Украинци во светот и воедно познати боксери.