Фудбал
„Бидете праведни, ако ја казнувате Русија, казнете го и Израел, со години убива жени и деца“
ФИФА и УЕФА ја суспендираа Русија и нејзините клубови од сите натпреварувања порад инвазијата врз Украина. Оваа одлука ја поддржаа многумина, а Русите порачаа дека ќе поднесат жалба до ФИФА и УЕФА бидејќи сметаат дека оваа одлука е неправедна и дека настаните во Украина немаат врска со спортот во Русија.
Одлуката на ФИФА и УЕФА ја критикуваше и поранешниот капитен на египетската репрезентација Мохамед Орик кој рече дека користат двојни стандарди и дека не се фер кон земјите кои со години војуваат.
Египќанецот мислеше најмногу на народот на Палестина кој со децении е во конфликт со Израел, но никогаш немало такви санкции за Израел поради тоа.
„Одлуката за исфрлање на руските клубови и репрезентацијата од сите натпреварувања треба да се воведе за Израел, кој со години убива деца и жени во Палестина. Користите двојни стандарди и не сте фер кон сите“, вели Орика.