Фудбал
„Не се согласувам со војна, но суспендирајте ги САД и Израел“, дали на фудбалскиот судија му е хакиран профилот?!
Познатиот словенечки судија, со знакот на ФИФА и УЕФА, Дамир Скомина е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност. Имено, на неговиот Инстаграм се појави пост во кој тој порачува, ако е суспендирана Русија од сите фудбалски натпреварувања, требало тоа да се направи со САД и Израел.
-Не подржувам војна, не го поддржувам она што ги убива луѓето, голема штета е што фудбалот се вплетка во политиката. Ако ја исклучија Русија, тогаш ФИФА и УЕФА мора истото да го направат со државата која повеќе од 20 години врши агресија на Блискиот исток и на ционистичката држава кој одзема земја и убива луѓе во Палестина“, напишал Скомина на својот профил на „Инстаграм“.

Сепак, набрзо откако се прошири ова, тој се огласи и тврди дека неговиот Инстаграм профил бил хакиран.
Инаку, претходно како што е познато ФИФА и УЕФА одлучија да ја суспендираат Русија од сите фудбалски случувања, како на клупско, така и на репрезентативно ниво.