Connect with us

Фудбал

Интер во голема криза, Инзаги најде оправдување

„Нероаѕурите“ веќе пет меча не забележале победа, а работите да бидат полоши за овој тим, престанаа да постигнуваат голови.

Со ремито (0:0) во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, Инер е без гол  403 минути, не сметајќи го судиското надополнување.

Оправдувањето за серијата лоши резултати Инзаги го најде во тоа што Интер досега одигра 36 натпревари во сите натпреварувања.

„Мислам дека тоа е физички пад. Игравме многу, ова е период кога не играме како порано. Не игравме како во дербито во Серија А, но сега финалето е во игра и сакаме да се квалификуваме таму“, изјави Инзаги.

“Не ризикувавме многу, Хандановиќ имаше една интервенција. Ромањоли го спаси голот по обидот на Џеко. Не постигнавме гол на четири натпревари, но сигурен сум дека наскоро ќе се вратиме на головите”, вели Инзаги.

Последниот гол на Интер беше дело на Џеко на гостувањето против Наполи на 12 февруари.

За излез од кризата која со години не е видена на „Џузепе Меаци“, „нероаѕурите“ ќе имаат можност во петок кога ќе се сретнат со Салернитана, најлошиот тим во лигата кој досега примил 56 гола.