Фудбал
Вест која ја „запали“ фудбалска Европа: Халанд го избрал клубот?!
Голем број на светски медиуми објавија вест дека еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Ерлинг Халанд го одбрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата. Како што пишуваат тие, тој го избрал Реал Мадрид, а конечната одлука ќе биде соопштена пред крајот на оваа сезона, односно во месец април.
Обесштетувањето за Халанд е 75 милиони евра, па се претпоставува дека „Кралевите“ нема да имаат никаков проблем да ја исплатат оваа сума. Но, Реал Мадрид ќе мора да плати дополнителни 40 милиони евра на име на бонуси за менаџерот Мино Рајола и таткото на фудбалерот Алфи Халанд. Наводно, првиот човек на Реал Мадрид сонува за нов “Галактикос“, па не се откажува од идејата за ангажирање и на Мбапе, кој се уште не го продолжил договорот со ПСЖ и кој би дошол како слободен играч следната сезона.