Фудбал
Звучи чудно, но Анчелоти е пред отказ во Реал Мадрид?!
По речиси две години Анчелоти реши да го напушти Евертон бидејќи едноставно не можеше да ја одбие поканата на Флорентино Перез повторно да ја преземе клупата на кралскиот клуб.
Искусниот стручњак по шест години се врати на „Сантијаго Бернабеу“, и потпиша договор до летото 2024 година, но во Реал не му оди како што замислуваше.
Кралскиот клуб го има првото место во Ла Лига, но навивачите не се многу задоволни од играта на овој тим. Анчелоти е мета на критики за лошата игра во последните недели, а веќе се шпекулира за негово заминување.
Многу шпански медиуми најавија дека Перез на крајот на сезоната ќе му врачи отказ на Анчелоти бидејќи не е многу задоволен од резултатите на овој искусен терен.
Но за Анчелоти тоа нема да биде проблем бидејќи таков тренер сигурно нема долго да биде без работа. Имено, англиските медиуми утринава објавија дека Анчелоти веќе има понуда на своето биро.
Англискиот „Тајмс“ објави дека Манчестер Јунајтед покажал голем интерес за доведување на Анчелоти на крајот од сезоната и дека се надеваат дека Италијанецот ќе добие отказ во кралскиот клуб.
Јунајтед веќе неколку сезони се мачи со тренерите, а сега во клубот веруваат дека Анчелоти конечно би можел да биде спас за „црвените ѓаволи“. Но дали ќе успее да го донесе останува да видиме.