Connect with us

Фудбал

Еден од тренерите на Шахтјор Доњецк загина во Украина

Тренер на младинскиот погон на славниот украински тим, Шахтјор Доњецк загинал во војната во оваа земја. Извршниот директор на тимот, Сергеј Палкин, ја потврди веста, велејќи дека загинал бранејќи ја татковината.

-Еден од нашите вработени е убиен, тој беше младински тренер. Беше погоден од руски куршум“, потврди Палкин.

Шахтар е еден од најуспешните украински клубови, особено во поновата историја. Има освоено 13 лига титули, 13 украински купови, и девет суперкупови и УЕФА куп.

Пред само два дена беа убиени и двајца украински фудбалери.