Connect with us

Фудбал

Погледнете го неверојатниот гол на соиграчот на Димитриевски (ВИДЕО)

Рајо Валјекано, на нашиот Столе Димитриевски е елиминиран во шпанскиот куп, во полуфиналето, откако одигра 1:1 против Реал Бетис. Противникот на првиот меч славеше со 2:1 и благодарејќи на таа победа, се пласираше во следната рунда.

Мечот донесе доста возбудувања. Рајо Валјекано поведе со фантастичниот гол од слободен удар на Португалецот Бебе во 80-та минута, но во 92-та следуваше шок откако Иглесиас израмни на 1:1. Димитриевски остана на клупата за резервни фудбалери.