Connect with us

Фудбал

Солзи на култниот англиски стадион, со многу емоции (ВИДЕО)

Евертон синоќа во натпреварот од ФА Купот го победи нисколигашот Борехам Вуд со 2-0.

И овој натпревар го одбележа еден емотивен момент. Сите играчи на теренот излегоа со украински знамиња, но и со дрес со име Виталиј Миколенко, украински фудбалер кој дури доби можност да ја носи капитенската лента во составот на Френк Лампард.

Во еден момент играчот заплака, го трогна одличниот гест на соиграчите, противничките играчи, но и од трибините кои ја поддржуваа неговата земја.

Војната во Украина трае веќе девет дена и за жал се уште не е завршена бидејќи преговорите меѓу украинскиот и рускиот претставник се уште се неефикасни и никој не е подготвен да ги исполни барањата на едната или на другата страна.