Connect with us

Фудбал

Гвардиола “распали”: Ова се случува поради пари, политичарите се виновни, луѓе гинеа во Сирија, Палестина и Југославија

Никој не може да остане имун на случувањата, па ниту фудбалерите. Рускиот напад врз Украина и тамошната војна во голема мета влијае врз спортот поточно фудбалот. За коментар беше прашан и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Тој рече дека Европа и НАТО се неспособни и дека треба да се помогне, а не зборовите да останат само гест.

Како што вели Пеп, најголеми виновници се политичарите.

-Не се случува ова само поради знаме, парче земја, ова се случува поради пари. Се случуваше и во Сирија, Палестина, Југославија. Невини луѓе умираа и умираат само поради два човека. И се поради пари. Да нема пари нема да има ни војни. Оваа војна трае веќе осум, девет дена. НАТО и европските организации се потполно неспособни, изјави Пеп на денешниот прес.