Connect with us

Фудбал

Невидено, девојка на фудбалер со цигла во рака влета во теренот, причината е бизарна (ФОТО)

Дека некои жени се подготвени на се во љубовта не е ништо ново, но она што го направи една девојка од Кенија е навистина неверојатно.

Имено, извесна Вини, истрчала на теренот со цигла во раката, а причината е малку бизарна. Тоа беше на натпреварот Бандери-Гор Махиа.

За Гор Махија игра нејзиното момче кое во еден момент доби силен удар и се повреди.

Кога видела што се случило, Вини истрчала на теренот и тргнала со камен да го удри играчот кој го повредил нејзиното момче.

„Мојот дечко беше нападнат. Ме налути затоа што ме издржува финансиски, носи леб во нашата врска“, рекла таа.

За среќа, обезбедувањето успеало да ја запре разгневената девојка и сето тоа завршило без посериозни последици. Натпреварот заврши со резултат 1:1.

Инаку, просечната плата на фудбалерите во тимот на Гор Махија е нешто повеќе од 500 евра.