Connect with us

Фудбал

Баерн не победи во дербито, Томас Милер трагичар, шанса за Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен не успеа да победи во дербито против Баер Леверкузен. Мечот заврши 1:1, па ова е шанса за Борусија Дортмунд со победа да се доближи на минус шест бодови и да ја направи трката за титулата поинтересна.

Трагичар беше Томас Миле кој си постигна автогол во 36-тата минута со што Леверкузен дојде до израмнување и бод, а претходно Суле во 18-та минута погоди за водство. Баерн има 59 бодови на првото место, Борусија Дортмунд има 50, но и натпревар помалку.