Connect with us

Фудбал

Пред дербито со Милан, Спалети со пофалби за Елиф Елмас, еве што вели за македонскиот „дијамант“

Интер со победата над Салернитана со 5:0 се врати на лидерската позиција со 58 бодови, еден повеќе од Наполи и Милан. Токму овие две екипи вечерва го играат дербито на колото. Кој од нив ќе се врати на врвот, или пак може да се случи да има три екипи со ист број набдоови, ако заврши без победник, останува да се види.

Дали Елиф Елмас ќе биде од почетокот на теренот не е познато, но пред ова дерби тренерот на Наполи, Спалети има пофални зборови за македонскиот „дијамант“.

Како што се сеќавате, Елмас со негов гол го реши првиот меч помеѓу овие две екипи на „Сан Сиро“.

-Елмас е офанзивен фудбалер за врска, може да игра и во нападот. Тоа е фудбалер кој има решителност пред казнениот простор. Елиф е интелигентно момче, кое го очекува голема иднина, вели Спалети.

Дербито е на програмата вечерва со почеток во 20:45 часот.