Фудбал
Ужасни сцени на фудбалски меч во Мексико, има загинати (ВИДЕО)
Ужасни сцени од стадионот „Ел Корегидора“ во мексикански Керетаро, каде истоимениот домаќин требаше да игра против актуелниот шампион Атлас, во живо ги следеше Мексико, но и светот. На снимката се гледа неверојатната суровост што во таа прилика ја покажаа мексиканските хулигани. Се прикажани групи хулигани кои се изживуваат на безживотното тело на еден непријател и како разбеснета толпа ја отстранува облеката на жртвата.
Немаше натпревар бидејќи избувнаа невидени немири. Хулиганите кои ги следат двата клуба брутално се степаа на трибините на стадионот, тунелите, соблекувалните, во каналот кој ги дели трибините од тревникот и на теренот.