Connect with us

Фудбал

Не може без фудбал, Абрамович купува великан стар 123 години!

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович по речиси дваесет години ќе го продаде актуелниот европски и светски шампион Челзи.

Цената што ја одреди за лондонскиот клуб е околу две милијарди евра, а странските медиуми дознаваат дека Абрамович ќе остане приврзан за фудбалот со купување на нов клуб, 123-годишниот бразилски великан е Васко де Гама. Овој тим е наводно негова следна цел за купување, а дефинитивно на навивачите на овој тим не би им пречело доколку погледнат што успеал Русинот да постигне со Челзи.

Инаку, Васко де Гама моментално настапува во бразилската Серија Б.

Тие се четирикратни шампиони на Бразил, а последната титула на оваа земја ја освоија во 2000 година, додека победници на Купот на Бразил беа во 2011 година.