Фудбал
Легендата на Милан се расплака на телевизија: Војната во Украина мора да запре, гинат деца, жени, стари луѓе…(ВИДЕО)
Војната во Украина се уште трае, а настаните во таа земја продолжуваат да влијаат на светот на спортот. ФИФА одлучи поради таа војна на сите фудбалери во Русија да им се дозволи еднострано да ги раскинат договорите со своите клубови, на штета на нивните работодавци.
И сега легендарниот украински напаѓач Андреј Шевченко повторно проговори за војната во Украина, кој се расплака на обраќање во живо.
Шевченко, поранешниот селектор на Украина, која минатото лето ги однесе во четвртфиналето на Европското првенство, се расплака во разговор за италијански „РАИ“. Тој се вклучи во програмата за да зборува на оваа болна тема.
„Мајка ми, сестра ми и роднините се во Украина. Секојдневно разговараме. Нивниот избор беше да останат. Не можам да гледам што се случува со мојата земја да не плачам. Моите ми ја кажуваат вистината за Украина, а тоа е да се бомбардираат градови, деца и старци се убиваат. Мораме да ја убедиме Русија да ги запре нападите, да најде дипломатско решение и да ја прекине војната“, рече Шевченко од Лондон.
Се прослави како играч во Италија, носејќи го дресот на Милан, а на граѓаните на таа земја им порача убаво да ги прифатат неговите сонародници бегалци.
„Кога дојдов во Италија, таа земја ми го отвори срцето. Ме натера да се чувствувам како еден од вас и затоа се чувствувам како Италија како друга татковина. Сега ве молам: отворете ги вашите срца за мојот народ, ни треба вашата помош, вели Шевченко.