Connect with us

Фудбал

ПСЖ со понуда до Мбапе, која може да го „избрка“ Реал Мадрид

ПСЖ му го понуди на Килијан Мбапе најпрофитабилниот договор во историјата на фудбалот. Според „The ​​Independent“, парижаните на напаѓачот му понудиле договор вреден 100 милиони евра годишно.

Реал Мадрид знае за ова, но не може да му ја даде истата понуда на играчот. Мадрид се надева дека Килијан ќе биде привлечен од богатата историја на клубот, како и од идниот потенцијал на клубот.

Претходно беше објавено дека Пари Сен-Жермен му понудил на Мбапе договор со плата од 50 милиони евра и бонус за лојалност од 100 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот фудбалер во тековната сезона на 24 натпревари за парискиот клуб, постигна 14 голови 10 асистенции.