Connect with us

Фудбал

На Русите баш им е гајле за санкциите, подготвиле богата понуда за ѕвезда од Серија А

Поради бројните санкции, на удар се и руските богаташи, па под знак прашалник е во кој правец се движат руските спортови, со оглед на тоа што рубљата се повеќе ја губи вредноста. Сепак, се чини дека некои клубови не се грижат за санкциите и се подготвени да платат висока цена за да го добијат тоа што го сакаат.

Така, во средата наутро, се појавија вести дека Краснодар сериозно загризал со доведувањето на една од ѕвездите во Серија А, Хенрик Мхитарјан.

Имено, Краснодар на Ерменецот му понудил двегодишен договор со загарантирана функција спортски директор кога ќе му истече договорот.

Договорот на Мхитарјан со Рома трае до крајот на сезоната, а покрај Краснодар, 33-годишниот во своите редови го посакува Спартак од Москва.

Инаку, на почетокот на неделата ФИФА им овозможи на сите странски играчи да ги напуштат руските клубови, а за нови клубови можат да потпишат до 7 април.

Секој што ќе најде нов ангажман во руските клубови треба да се врати на крајот од сезоната, освен ако во меѓувреме не ги раскинат договорите.