Connect with us

Фудбал

Поранешниот селектор Ангеловски емотивно се прости од Ѓурчиновски кој ненадејно почина

ФФМ објави дека почина Марио Ѓурчиновски, координатор за едукација во ФФМ. Куќата на фудбалот се прости од, како што велат, најголемиот нивен професионалец.

Со емотивна порака со него се прости и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски:

Денес тагувам за еден голем професионалец Марио Ѓурчиновски со кој сум работел, почивај во мир пријателе. Емотивно сум вознемирен од денешната вест за твојата ненадејна смрт. Твојот хумор засекогаш ќе го паметам. Во Германија ми ја покажа сликава и ми рече: Гледаш кој ти чува леџа, напиша Ангеловски.