Connect with us

Фудбал

Вратете го Алиоски, тој за Фирпо е Кафу-Навивачите со пораки до раководството

Продолжува катастрофалната серија на порази на Лидс. Тимот забележа шест порази во низа, а на последните осум меча има само едно реми, другото се се порази.

Навивачите со право се бесни. Но, интересно е тоа што во целата таа фрустрација на социјалните мрежи беше спомнат и македонскиот репрезентативец Алиоски кој во преодниот рок замина од тимот и се пресели во Саудиска Арабија.

Навивачите бараат да биде вратен во тимот, бидејќи Фирпо, кој е платен 15 милиони евра разочарал. Еден од највпечатливите коментари беше дека Алиоски за Фирпо е Кафу.