Фудбал
Италијанците побараа против Македонија да се отвори целиот стадион, капацитетот да биде исполнет
Медиумите во Италија пишуваат дека Италијанската фудбалска федерација побарала од здравствените власти на трибините во Палермо за мечот со Македонија на 24 март капацитетот да биде 100 посто.
Во моментов поради коронакризата, според правилата, во Италија стадионите можат да бидат исполнети со 75 отсто од капацитетот, а федерацијата побарала тоа да се промени.
Првиот човек на ФИГЦ, Габриеле Гарвина, кој пред неколку дена изјави дека „многу се плаши од Македонија“ испратил писмо до министерот за здравство Роберто Спаренца, мечот на „Ренцо Барбера“ да биде изземен од ковид-рестрикциите за исполнетост и да се дозволи исклучок поради национална важност да се пополни до сто отсто од капацитетот.