Connect with us

Фудбал

Руската ѕвезда трпи огромни критики!

Монако вчера загуби од Брага со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Европската лига. Своја минутажа доби и рускиот репрезентативец Александар Головин кој на теренот влезе во 58. минута наместо Елиот Матаз.

Навивачите на Монако повторно „распукаа“ по него, не сакаат Головин да го гледаат во дресот на својот клуб, секако затоа што е Русин и затоа што руската армија веќе 15 дена ја уништува Украина. Секако, има и „нормални“ критики кои го исклучуваат прашањето за војна.

-Головин, ти благодарам за се, но ќе мора да си заминеш. Фудбалер кој игра по 20 минути на секои шест месеци – на почетокот беше смешно, но не сега“, напиша еден навивач на Монако.

Головин, те бранам долго време, но тоа е се потешко и потешко“, додаде друг навивач.

-Човеку, играш ли воопшто? Дали постоиш на теренот? Дресот ти е сув и по натпреварот”, е пораката на уште еден незадоволен навивач на францускиот великан.

Освен што на Монако не му оди во Европа, каде го загуби првиот осминафинален натпревар во Португалија со 2:0 и е на тежок испит, не му оди најдобро на првенството, па е само осмо место на првенствената табела со 41 бод.