Фудбал
Чекаше 24 часа, по шокантниот пораз од Реал, се огласи Мбапе!
Реал Мадрид до 61. минута имаше два гола негатива против ПСЖ (пораз 1:0 на првиот меч и активни 0:1 во тој дуел), а потоа на сцена стапи поискусниот Французин, Карим Бензема кој постигна хет-трик и ги однесе кралевите во четвртфиналето.
Мбапе блескаше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а еден ден пред мечот беше снимен како изгледа импресиониран од реновираниот дом на „кралевите“, каде и самиот можеби ќе игра следната сезона.
„Лигата на шампионите беше голема цел за нас, но ја пропуштивме. Оваа сезона не е завршена и што и да се случи, ќе продолжиме да бидеме силни и да се бориме до последниот натпревар. Благодарност до навивачите кои не поддржаа. Ова е Париз, “ напиша тој на Инстаграм.
Лигата на шампионите е навистина нешто што парижаните со години го посакуваат, но секоја година неуспешно се обидуваат да ја освојат.