Фудбал
Челзи пред распад, голем број фудбалери контактирале адвокати и менаџери, дали следува распад?!
Имотот, сметките на Роман Абрамович, па и неговиот Челзи, се замрзнати. Клубот се наоѓа во тешка ситуација откако нивниот газда Абрамович е санкциониран од Велика Биртанија, поради руската инвазија врз Украина.
Англиските медиуми пишуваат дека можно е да се случи распад. Имено, голем број на фудбалери контактирале со своите адвокати и менаџери со цел да ги раскинат договороите и да се преселат во други клубови. Нивните имиња не се откриени, но „Телеграф“ објави и позитивна вест. Наводно Абрамович успеал да постигне некаков договор со власите во Велика Браитанија за да го спаси клубот од целосен распад. Се однесува на постапката за продажба на клубот, но сето ова мора да заврши најдоцна од 4 до 6 недели.