Connect with us

Фудбал

Чави му испратил порака на Меси по шокантниот пораз од Реал Мадрид, еве што му пишал…

Реал Мадрид успеа да го победи ПСЖ со 3:1 на домашен терен во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и се пласираше во следната рунда.

ПСЖ по првото полувреме водеше со 1-0 и имаше вкупна предност со 2-0, но Реал Мадрид на неверојатен начин дојде до пресврт во продолжението и на крајот се пласираше во четвртфиналето.

За парижаните ова беше огромен удар бидејќи веќе размислуваа за следната рунда, но Лигата на шампионите сепак беше само сон за овој клуб.

Испаѓањето на ПСЖ од Лигата на шампионите беше тема на прес-конференцијата на Чави Ернандез пред натпреварот на Барселона против Осасуна. Чави не зборуваше многу за натпреварот, но откри дека по истиот контактирал со Лионел Меси.

„Имам пријателски однос со Меси и му испратив порака за охрабрување. Тоа е фудбалот и Лигата на шампионите, кога малку ќе го намалиш интензитетот, противникот ќе те совлада. Мислам дека тоа му се случи на ПСЖ, изјави Чави на денешната прес конференција.