Connect with us

Фудбал

Ливерпул рутински, сега од Манчестер Сити е на само -3 (ВИДЕО)

Ливерпул стигна на минус три бода во однос на лидерот Манчестер Сити, откако попладнево забележа рутинска победа од 2:0 на гостувањето кај Брајтон.

До предност Ливерпул стигна уште во 19. минута кога голот за 1:0 го постигна Луис Диаз после асистенцијата од Матип.

И во продолжение од натпреварот Ливерпул го диктираше темпото. Одлична шанса во 57. минута имаше Мане, но неговиот удар заврши во пречката. Четири минути подоцна Ливерпул дојде до водство од 2:0, Салах погоди од белата точка.

Standings provided by SofaScore LiveScore