Фудбал
Клоп за ситуацијата во Челзи: За ова е виновен Путин!
Тешки денови се пред англискиот тим Челзи. Откако Велика Британија одлучи да му ја суспендира визата на Роман Абрамович, а и да ги блокира сите негови сметки, но и сметките на клубот, кој е во негова сопственост, Челзи се наоѓа пред распад. Не е познато како ќе функционира. Абрамович се обидува да се договори со британската влада да му дозволат да може да го продаде клубот, за да го спаси од целосно пропаѓање.
Прашан за ситуацијата во Челзи, тренерот на Ливерпул посочи еден виновник.
-Тухел и фудбалерите, како и останатите вработени во клубот не се виновни за тоа што им се случува. Само еден човек е одговорен за кризата, а тоа е Владимир Путин, вели Клоп.