Connect with us

Фудбал

Спектакуларен гол, а потоа историја за Кристијано Роналдо, најдобар голгетер на сите времиња(ВИДЕО)

Кристијано Роналдо одигра одличен меч против Тотенхем на кој поситгна хет-трик, а особениот првиот во 12-та минута беше спектакуларен од далечина. Вториот гол го постигна во 38-та минута, а третиот на десет минути до крајот на мечот. Манчестер славеше со 3:2, а головите за гостите ги постигнаа Кејн од пенал во 35-та и Мегвајер во 72-та, кој си ја затресе сопствената мрежа.

На вечерашниот меч Португалецот дојде до уште еден неверојатен рекорд.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед сега има 807 голови на официјалните натпревари и го мина легендарниот Јозеф Бичан. Тој сега и официјално е најдобар голгетер на сите времиња.

Standings provided by SofaScore LiveScore