Connect with us

Фудбал

„Жешко“ во ПСЖ, навивачите бараат да „летаат глави“ : Париз никогаш нема да биде Катар

Откако клубот го заврши учеството во осминафиналето на Лигата на шампионите со болен пораз од Реал Мадрид (3:1), жестоките навивачи на парискиот гигант се свртеа против раководството на тимот и фудбалерите. Единствено изземен од свирежи на вчерашниот меч со Бордо беше Килијан Мбапе, а најтешко од трибините беа „нападнати“ Нејмар и Лионел Меси.

Најватрените навивачи на ПСЖ нема лесно да се откажат од своите барања. Тие сакаат Насер Ал Хелаифи и Леонардо да го напуштат клубот, а тоа јасно го кажаа со пораките кои ги оставија.

Во тренинг центарот на парискиот клуб се појавија пораки испишани на ѕидовите. Се бара заминување на менаџментот, а во пораките се наведува:

„Леонардо / Насер, што подалеку од нас“ и „Париз никогаш нема да биде Катар“.

Ова се сосема јасни пораки од навивачите на клубот, но прашање е каде ќе беше ПСЖ денеска доколку ги немаше парите кои Катар ги „напумпа“ во клубот.